Search

Заев обединува – во Ресен на средба со граѓаните и раководствата на ДУИ и БЕСА

Ресен се обединува бидејќи народот на Преспа сака да оди напред. Денес се сретнав со раководството на ДУИ во Ресен и се заблагодарив за нивната поддршка на концептот кој обединува, напиша на фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев по посетата на градот.

Тој информира дека во тек е обединување за да продолжи развојот на Ресен, за парите да продолжат да се враќаат кон граѓаните и земјоделците.

-Во овие четири години постигнавме сериозни успеси во делот на економијата. Сите плати се во просек зголемени за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15,9%, за 300% ја зголемивме социјалната помош, зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ преку 36 милиони евра вративме кај над 400.000 граѓани за само две години, напиша Заев.

Претседателот на СДСМ потсети дека што се однесува до земјоделците, до овоштарите и јаболкарите, кои се најзастапени во Ресен, за 20% се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка сее зголемена од 2 на 3 денара по килограм.

-Субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар. За овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, како што е овој регион субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар, истакна Заев.

Тој повика успешните политики да продолжат.

-А ќе продолжат само ако сме сплотени, само ако сме обединети околу идниот развој на Ресен и на државата, заклучи Заев.

Треба да знаете
Последни објави