Search

Заев: Нова пречистителна станица и училиште за Арачиново, направете разлика кој гради за иднината, а кој блокира

Зоран Заев, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, денеска на трибината ”Најдоброто за мојата општина” во своето обраќање посочи дека никогаш не било појасно за кого ќе гласаат граѓаните, бидејќи изминатите 4 години се доказ дека се работи на проектите кои носат развој за сите општини, без селекција на мали и големи, важни и неважни и дека со СДСМ граѓаните знаат на што се.
”За 4 години реализиравме над 7.000 проекти во државата: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на култура, театри и општински згради. А добро знаете дека сегашната нереформирана опозиција, својата „светла иднина” ја гледа во враќање на режимот” – рече Заев.
Заев на трибината најави и дел од идните проекти кои се планирани во општина Арачиново, посочувајќи дека  сите проекти се во движење и дека има реализација каква што немало децении претходно!
Заев зборуваше и за веќе реализираното и дека многу сработено во Арачиново.
“Се гради нова градинка, со капацитет за 100 деца; воведено е централно греење во училиштето „Бајрам Шабани” во с. Грушино; асфалтирани се улици во населбата Арачиново и кон село Орланци; поставена е велосипедска патека во селото Арачиново; се гради канализационен систем долг  над 10 километри; се гради систем за водозафаќање во село Мојанци; реализирана е помош на жители за набавка на нови трактори, реализирана е поддршка за жени земјоделки;  изградена е нова административна зграда на општината; вложено е во развојот на подрачја со специфични развојни потреби, порача Заев.
Претседателот Заев посочи дека граѓаните треба да направат само споредба и ќе им стане јасно зошто во недела својот глас треба да го дадат за СДСМ и Најдоброто.
,,Направете споредба. Кој инвестира во сегашноста, кој ја внесе државата во НАТО, кој по 20 години спроведе попис, кој ги враќа парите кај граѓаните? Тоа е СДСМ и Коалицијата. А кој постојано блокира, кој беше против попис против договорот од Преспа? Тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Затоа во недела да гласаме за Миликије да гласаме за советничката листа да гласаме за Најдоброто” порача Заев од Арачиново.

 

Треба да знаете
Последни објави