Search

Заев: Не прифаќам омаловажување на здравствените работници 

На предизборната трибина на СДСМ во Центар, на која беа преставени носителите во првата изборна единица, Никола Димитров и Мила Царовска, свое обраќање имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој испрати порака, особено до ВМРО ДПМНЕ да не ги понижуваат и омаловажуваат здравствените работници.
-Еве, Мицкоски вели јас го донесов вирусот во Македонија за да не може тој да собира народ на митинзи. Еве и Олимпијадата се одложи заради мене, исто како што се одложи и Евровизија заради мене. Еве сето ова ќе го прифатам како моја вина, но нема да прифатам да не се почитуваат здравствените работници. Тие гинат по 24 часа на ден за нашето здравје, борејќи се за секој човек. Тие се професионалци, најголем дел не ги интересира политика, туку ги интересира нивната благородна професија. Знам дека се изморени, дека работат со последни сили, и знам дека најмногу ќе им помогнеме ако ги почитуваме лекарските препораки за заштита на здравјето, издвои Заев посебен дел во говорот посветен на сите здравствени работници на кои неизмерно им се заблагодари.
Треба да знаете
Последни објави