Search

Заев: Не дај боже иднината на младите да ја оставиме на Мицкоски и Груевски  

Слушам дека ВМРО ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Но обновата за нив значи обнова на понижувањето на човечињата и индијанците. Значи обнова на спомениците и стиропорите, на конфликтите со соседите, на изолација на државата. Затоа подобро е кога ВМРО ДПМНЕ не нуди обнова на земјата. Не дај боже иднината на младите да ја оставиме на Мицкоски и на Груевски.“- ги потсети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, граѓаните на Центар, на децениското режимско владеење и пљачкосување на народот.
На трибината во Центар, на која беа промовирани Никола Димитров и Мила Царовска како носители на листата на СДСМ во првата изборна единица, Заев се осврна и на рекламните спотови на ВМРО ДПМНЕ.
-Кога зборуваат за својата понуда не можат да се пронајдат и затоа водат негативна кампања. Сите спотови им се за мене, сите настапи им се за мене. Но едно ќе им кажам, ќе ме гледаат во следните четири години, а и демократизацијата на инситуциите ќе ја гледаат, коментираше Заев.
Треба да знаете
Последни објави