Search

Заев: Неприфатливо е тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев по прес конференцијата на престсдателот Стево Пендаровки по седницата на Советот за безбедност рече дека тој нема нови информации, ниту има информација во врска со  написот во бриселски „Политико” дека Бугарија понудила компромис да го признае макеоднскиот јазик и народ, а за возврат Македонија да признае нивни историски корени.

Се согласувам со претседателот Пендраровски дека нема преговори за идентитетот и јазикот. И јас немам нови информации. Но можам да потсетам на преговорите со Грција. Таа го призна нашето право на самоопределување и јазик. Бугарија ја признава реалноста и верувам дека работните групи ќе најдат решенија. Очекувам од бугарските лидери да бидат до крај конструктивни. Повторувам, нема нов договор меѓу двете земји, нема анекс на договорот. Имаме успех во одржувањето на состаноците на комисиите, најдени се решенија за 5 историски личности и периоди, водиме грижа еден за друг како земји, мислам дека така се гради пријателство. Договорот за пријателство е добра основа, ги охрабрувам комисиите да продолжат во духот на добрососедството и да најдат заеднички нитки во историјата”, рече Заев.

Заев надоврзувајќи се на истото прашање рече дека најпрво треба да се види дали воопшто постојат такви идеи.

„Од тоа што е пренесено, важно е дека се пишува оти ќе има прва меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава. Тоа што е неприфатливо, секако е доколку се размислува дека македонскиот јазик има бугарски корен”, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави