Search

Заев: Нема заевизам туку завидлизам

Нема заевизам, туку има завидлизам за успесите, рече премиерот Зоран Зааев на денешниот марш „Еднакви – Можеме“ организиран од форумот на жени на СДСМ во Скопје, говорејќи за успешните владините политики и за критиките од опозицијата.

Според него, жената не го заслужува само вчерашниот ден, туку сите 365 во годината, а маршот не е за славање туку е борба за еднаквост меѓу жените и мажите.

Тој го претстави Пендаровски како идниот претседател на државата и рече дека вчера им го честитал 8 Март на сите жени, како и на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

„Тоа е рамноправност, а рамноправност ќе биде и кога таа на 5 мај ќе му ја честита изборната победа на нашиот кандидат за претседател“, рече Заев.

 

 

Од говорниоцата ја критикуваше опозицијата и ја обвини за завидливост на владините успеси.

Претседателката на форумот на жени на СДСМ вели дека со своите активности тие покажале дека се еднакви во борбата за демократија и очекува дополнително зголемување на бројот на жени во политиката.

Светот ќе биде подобро место за живеење само ако сме сите еднакви, порача кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски.Вели дека маршот е поттик за еднакви можности.

Треба да знаете
Последни објави