Search

Заев: Немало посредници меѓу мене и Камчев, брати ми Вице се злоупотребува

Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова тврди дека немало посредници меѓу бизнисменот Орце Камчев и него, откако беа објавени „бомбите“, во кои осомничениот бизнисмен Орце Камчев го спомнува братот на премиерот, Вице Заев и пораките кои му ги пратил премиерот кој му порачал да го пријави случајот „Рекет“ кај обвинителката Вилма Русковска.

Тој демантира дека неговиот брат имал контакт со бизнисмени од поранешната власт.

-Вице Заев е мој единствен брат, тоа што го работи е бизнис на моето семјство само во Струмица. Води грижа и за моето семејство. Неговото име се злоупотребува, за жал многу често и ми се лути. Тој не е должен да ги сфати сите овие работи, тој не членува во органи и тела на партии. Најдобро ќе биде да го прашате, но јас мислам дека немал контаки со Камчев и со Мијалков. Можеби имал нешто по телефон, а за случаеви или нешто слично апсолуно не , вели Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави