Search

Заев на ФБ: Убаво е чувството кога со европски фондови се заштитува културното наследство

 Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.

– Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е важно за сите Македонци и сите наши граѓани, каде и да сме. Им благодарам на мојот пријател Еди Рама, на албанската Влада, на Општина Пустец и Општина Битола, на Завод и музеј Битола, на регионалниот директорат за култура од Корча, на Младинскиот културен центар од Битола и на Европската Унија што со прекуграничен проект обезбедуваат реконструкција на старото училиште во село Глобочани, Пустец и неговата трансформација во туристички музеј, напиша утрово Заев на Фејсбук.
Проектот вклучува и реконструкција на пристапната улица т.н. „Римски пат”, вклучително и пешачка патека, до археолошкиот локалитет Хераклеа.
Треба да знаете
Последни објави