Search

Заев на Утрински брифинг: Во шестката ќе ги победиме ДУИ, Алијансата и ВМРО ДПМНЕ

„Едно општество за сите“ е наш концеп и свесен сум дека на луѓето им треба време, и на Македонците и на Албанците. Ние успеваме да ја дигнеме државата кон граѓанскиот концепт. Наместо за национализам зборуваме за еднаквост. Ова е прва мултиетничка коалиција, 32 партии застанавме зад кандидатурата на Стево Пендаровски. И еве, продолжуваме да растеме, како партии и како коалиција. За мене е успех ако ДУИ и Алијансата ги победиме во шестата изборна единица, нашите проекции се дека ќе имаме 6 или 7 пратеници, за разлика од нив кои ќе имаат до 5, затоа што пикираат само албанци, а ВМРО ДПМНЕ може да има 2 до 3 пратеници во шестката затоа што одат само на македонските гласови. Јас одамна му кажав на Мицкоски дека ќе губат се додека продолжуваат со ваквата деструктивна политика.“- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Утрински брифинг.

Тој призна дека тешко се работи кога ДУИ се во владина коалиција.

„Нам ни беше тешко изминативе години со ДУИ, тие се долго време на власт, 17 години си го прават своето, станале моќни, и затоа добро е ДУИ да се реформира, добро е за нив, добро е за државата.“- порача Заев.

Треба да знаете
Последни објави