Search

Заев на трибина во Штип: Од задолжена држава и економија во минус, денес сме држава во која растат платите и пензиите, има пари за сите потреби на граѓаните

Претседателот на СДСМ и носител во изборната единица три, Зоран Заев, на вечерашната трибина во Штип пред граѓаните порача дека за три години СДСМ покажа решителност во затворање на надворешните прашања, но и силна посветеност во решавањето на домашните проблеми.
„840 милиони евра беше задолжена државата само за тие споменици, стиропор фасади, 150 милиони евра должеле Фондот за здравство, општините и комуналните претпријатија должеа 200 милиони евра. Денес, тоа е речиси комплетно раздолжено и при тоа ја подигнавме економијата, од минус 1,8 на 3.6 проценти. Покажавме дека има пари и за покачување и на плати и на пензии. Минималната плата ја покачивме на за 6, туку за 60 отсто, ни 150 евра не земаа голем дел од штипјани и штипјанки кои работеа во текстилните фабрики. Денес е 14.500 а до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари. Покажавме дека знаеме и можеме, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро”,порача Заев и повика граѓаните на Штип на 15 јули да излезат на гласање и да гласаат за бројот три за СДСМ и Коалицијата „Можеме”.
Треба да знаете
Последни објави