Search

Заев на средба со шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо: Италија е стратешки партнер на Република Северна Македонија и на целиот Балкан

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска во Скопје остварија средба со италијанска делегација предводена од министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија Луиџи Ди Мајо.

На средбата, пред се, стана збор за евроатлантската интеграција на Северна Македонија, актуелната политичка состојба во земјата пред парламентарните избори на 12 април, како и за билатерална соработка и економските односи меѓу двете земји.

Италија е стратешки партнер, не само на нашата земја, туку на целиот Балкан, истакна претседателот Заев и нагласи дека цврсто веруваме во евроатлантската иднина, што донесовме тешки и храбри одлуки, клучни за иднината на земјата.

Тој се заблагодари на целокупната поддршка што ја дава Италија на евроатлантската интеграција на земјата и изрази надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе добие добри вести од ЕУ.

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо го поздрави напредокот што го оствари земјата, со што ги отвори вратите на најмоќниот воен сојуз.

Добредојдовте во НАТО, рече Мајо и изрази надеж дека на пролет, ќе започне да се имплементира и ЕУ проектот за Северна Македонија.

Тој додаде дека иако ЕУ се соочува со компликувана ситуација, Италија ја дава целокупната поддршка за напорите и амбициите на Македонија и на Албанија за започнување на пристапни преговори за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави