Search

Заев на средба со бизнисмени од Радовиш: Со брза трансформација на македонската економија, обезбедуваме поголема поддршка за стопанството, нови работни места и повисоки плати за граѓаните!

Претседателот Зоран Заев денеска во Радовиш се сретна со  угостители, транспортери и градежни компании од Радовиш, каде разговараше за актуелната економска состојба, справувањето со последиците од коронакризата како и за решенијата кои се дел од Програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме” а кои обезбедуваат брза трансформација на македонската економија.
Претседателот Заев се осврна и на помошта што компаниите во Радовиш ја добиваат со цел полесно да се справат со последиците од коронакризата.
„Во Радовиш вкупно 264 компании кои вработуваат 1026 работници добиле поддршка од државата за исплата на плата и придонеси за време на корона кризата. 15 компании од Радовиш кои вработуваат 121 лице добиле бескаматен кредит преку Развојната банка од првиот повик КОВИД 1, што значи токму компаниите од вашите сектори добиле ваков тип на поддршка.” рече Заев.
Меѓу другото тој истакна дека и после изборите на 15 јули економијата ќе биде врвен приоритет со фокус на брза трансформација и зголемување на конкурентноста на домашните компании, додавајќи дека ќе продолжи директната поддршка на домашните и странските инвестиции а за таа цел ќе се обезбедат средства во износ од 300 милиони евра.
„Поддршката кон домашните компании ќе продолжи и во иднина, уште повеќе и уште подобро, затоа што ни е важно секое работно место, важен ни е секој работник”, заклучи Заев.
Треба да знаете
Последни објави