Search

Заев на Сител: Имаме уште од мандатот за целосен развој на државата

-Не сум приврзаник за предвремени парламентарни избори, бидејќи имаме неповторлива шанса две и половина години за развој, кога дома немаме етнички отворени прашања, а немаме спорови со соседите, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој изрази увереност дека со новата влада во Бугарија ќе се усвои протокол, по што следниов период ќе мора да се валоризира сето она за што како држава било работено, за зголемување на плати и пензии, за раст и развој.

-Имате политики кои ќе ве скараат со соседите и тоа не придонесува за интеграциите. Со Влада предводена од мене, во која верувам дека ќе имаме неколку пратеници повеќе и граѓаните тоа го насетуваат, не можете да бидете локомотива и да бидете лидер ако се случи да имате спротивставени локални власти. Тоа е невозможно и затоа ги повикувам граѓаните да излезат, но седејќи дома помогаат режимот да се врати, кажа Заев.

Тој кажа дека после локалните избори парламентарното мнозинство ќе порасне и се надева дека така ќе бидат надминати и сите блокади на опозицијата во Собранието кои ги попречуваат тековите на развој.

Треба да знаете
Последни објави