Search

Заев: На Мицкоски да му е јасно, македонски јазик постои, ќе стане официјален во ЕУ

„ВМРО ДПМНЕ владееше со партиски притисоци, одземаа фирми, ги делеа гласачите на индијанци и човечиња, не уназадија, не дотолчија. Денес нашиот народ е исправен и горд затоа што на цел свет му покажавме што се политики на мудрост, пријателство, со патриотизам, со прогресивност. Дојдоа кај нас сите, Меркел, Меј, министерот за одбрана на САД, прв пат грчки министер го посети Скопје. А и ние каде што одевме секаде не пречекаа со црвени килими, ни оддаваа почит. Успеавме да докажеме дека Европа е овде.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Крива Паланка, од која ги повика гласачите да ги изберат носителите Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска од коалицијата „Можеме“.
Заев посочи дека ВМРО ДПМНЕ и натаму мисли дека може да опстојува на лажниот патриотизам и со лагите дека повеќе не постои македонскиот јазик и идентитет.
„Пред некој ден ЕУ ја усвои преговарачката рамка затоа што сакаат прогресивна, европска политика, да станаме партнери со целиот свет. Целото европско законодавство ќе се преведе на македонски јазик и да им е јасно на Мицкоски, Јанушев и на останатите, нашиот јазик постои и полека ќе стане официјален јазик на Европската Унија, ќе го има во библиотеките, во архивите… Ова е афирмација, ова е можност за јакнење на нашиот идентитет. Е тоа е мудрост, е тоа е патриотизам, тоа е храброст. Знае нашиот народ кој му мисли добро икој го води напред.“- потенцираше Заев.
Треба да знаете
Последни објави