Search

Заев на Конгресот на ДПС на Црна Гора: Левичарските политики се иднината на регионот и на Европа, повикувам посебно на шанси за младите и 50 – 50 жени во политиката

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, придружуван од потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска и меѓународниот секретар, Дане Талески, имаше обраќање на Конгресот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, сестринска партија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во обраќањето, претседателот на СДСМ и премиер порача дека левичарските политики се политики на прогрес и просперитет на регионот и на цела Европа.-Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина. Левичарските политики ќе бидат иднината на регионот и на Европа, оцени премиерот Заев.Тој пренесе поздрави како премиер, од мултиетничкиот народ во нашата држава и како претседател на СДСМ, од социјалдемократите во земјава. -Република Северна Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Џукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.  Тој нагласи дека борбата за социјалдемократските вредности продолжува, за поголема социјална помош, поголеми пензии, плати, минимална плата, подобар достоинствен живот за граѓаните.-Ќе повикам на нова преокупација во регионот што ја застапуваме и верувам ја поддржувате, да имаме 50 – 50 жени во политиката и на парламентарните избори и да дадеме шанси на младите луѓе, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев на Конгресот на ДПС на Црна Гора.Предлогот пред делегатите на оваа сестринска партија на СДСМ, е реизбор на Мило Ѓукановиќ за претседател на ДПС и на Душко Марковиќ за заменик претседател, инаку претседател и премиер на Црна Гора. 

На Конгресот се присутни гости од БИХ, Србија, Албанија, Хрватска, амбасадори, меѓународни претставници, на Социјалистичката интернационала, а во видео обраќања пораки упатија премиерот на Финска, претседателот на словенечките Социјалдемократи и Претседател на Парламентот на Словенија, претседателот на Партијата на европските социјалисти, претседателката на Групата на социјалисти и демократи во ЕП, од СДП – Германија. Се слушнаа силни пораки на поддршка на европските перспективи на Западен Балкан и реформската определеност на државите. Како важни, посочени се социјалните и економските политики и владеењето на правото. На Конгресот е изразена и солидарност и подадена рака за помош кон пријателска Република Албанија по силниот земјотрес во Драч.

Треба да знаете
Последни објави