Search

Заев на Канал 5: Ако се земаат пари од вториот пензиски фонд, се земаат пари директно од граѓаните, Мицкоски како инжинер нека праша за еконoмија

Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните, ако чепкаме во тие пари исто како да им земаме од дома. Цел свет, сите експерти препорачуваат прво да задолжувате надвор, да се земаат кредити од странство, потоа кога веќе нема да можете да се задолжувате надвор, тогаш се задолжувате на домашен пазар, порача претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5.
Банките овде се ликвидни, тие имаат 600 милиони евра и дополнителни 400 милиони евра кои се запишани во благајнички записи и тие треба да ги оставиме дома, затоа што банките ги следат граѓаните. Банкарскиот систем во секој земја е столб на финансискиот систем и тие пари треба да им ги оставиме на банкарскиот систем, ако ние им ги земеме тие пари, тие нема да можат да им даваат пари на граѓаните и стопанството. Има правила коишто треба да се следат, а Мицкоски како инжинер треба да праша за економија, посочи Заев.
Треба да знаете
Последни објави