Search

Заев на дуел со Мицкоски: Идентитетот го заштитивме до крај, во меѓународната политика сме пријатели со сите, се друго што се нуди е изолација и лажен патриотизам

Меѓународната политика покажа дека Република Северна Македонија може да биде пријател со сите, да донесе паметни, мудри договори, кои ја внесоа Македонија во НАТО, кои овозможија по 15 години да добиеме почеток на преговори, еве веќе ја имаме преговарачката рамка, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски.
Заев нагласи дека во преговарачка рамка е испишано дека на македонски јазик ќе се преведе европското законодавство.
-„Нашиот идентитет е загарнтиран и признат, македонскиот јазик ќе биде еден од официјалните службените јазици на ЕУ, со нашето членство, но оваа афирмација сега после 12-13 години е голем успех за македонскиот јазик, за Mакедонците, за македонскиот идентитет. Покажавме дека знаеме да склучуваме договори заради пријателство и заемно разбирање со комплетна заштита на нашите национални интереси”, рече Заев, изразувајќи уверување дека договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, ќе продуцира само договори за пријателство, што ќе не прави поблиски со соседите.
„Нашиот идентитет, нашата историја ги заштитуваме до крај, тоа ќе биде во периодот што претстои, покажавме дека можеме, дека имавме храброст имаме став,  без да водиме сметка за личен и партиски рејтинг им служевме на граѓаните  и на државата  целиот свет тоа ни го призна. Во меѓународната политика ќе продолжиме да бидеме Европејци, заедно да ги отвораме поглавјата, да биде тука Бугарија Грција да ни помогне и другите членки на ЕУ. Само така одиме во интеграција, се друго што се нуди е изолација, се друго што се нуди е шовинизам и национал патриотизам, под превезот на лажниот патриотизам, борејќи се за пари, власт, пари, моќ и влијание”, заклучи претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Треба да знаете
Последни објави