Search

Заев најави борба против лажните вести и дезинформации

Владата работи на изработка на акциски план за справување со дезинформациите како одговор на сајбер заканите и масовното ширење дезинформации, особено во последните две години- изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.

„Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата и алатка за манипулација на граѓаните. Злоупотребата на технологија стана сериозен упад во демократските процеси и сериозно се заканува да влијае на довербата на граѓаните во институциите. Република северна Македонија во изминатите две години се соочи со масовно ширење дезинформации, а дел беа споделени и од територии на други држави“, рече Заев.

Целта на изработката на акцискиот план, како што кажа е да се зајакне националната безбедност и сигурност, а за планот ќе се консултираат и со граѓанскиот сектор и со медиумите.

Тој додаде дека земјава во изминатите две години во повеќе наврати се соочила со масовно ширење дезинформации на социјалните мрежи и на традиционалните медиуми, а, како што рече, дел од информациите биле споделувани и од територии на други држави.

-Како одговор на овие сајбер закани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност Владата работи на Акциски план за справување со дезинформациите на системско ниво. Наша цел е да ја зајакнеме нацоналната безбедност и сигурноста на граѓаните на нашата земја и да ја браниме и унапредуваме демократијата, рече  Заев.

Тој појасни дека планот ќе биде даден на јавна дискусија и оти до изработката на неговата финална верзија ќе бидат чуени мислењата на сите чинители во општеството. Планот се состои од два дела, во првиот се опфатени безбедносни, а во вториот проактивни мерки. Исто така, ќе се формира акциска група за борба против дезинформации која ќе анализира и ќе ги следи нападите. Групата ќе ја води министерот за отчетност, Роберт Поповски.

Безбедносните протоколи предвидуваат: ревидирање на протоколите на институциите, надградба на протиколите, како и зајакнување на ИП контролата.

„Како што знаете и мојот мобилен телефон е нов со посебна заштита“, рече Заев.

Проактивните мерки подразбираат – дополнителна транспарентност и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Треба да знаете
Последни објави