Search

Заев му заблагодари на шпанскиот премиер Санчез за изразената поддршка

Лидерот на СДСМ денеска во објава на Фејсбук му се заблагодари на шпанскиот премиер Педро Санчез за изразената поддршка за коалицијата Можеме на претстојните предвремени парламентарни избори во земјава.

– Ти благодарам Педро Санчез за поддршката. И како сојузници во НАТО и како идни партнери во ЕУ, продолжуваме да придонесуваме за подобра, проевропска иднина на сите граѓани. Можеме, наведува Заев во објавата на македонски и на шпански јазик.

Санчез во видео обраќање испрати порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме”, што, како што вели, „ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ”.

– Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план. Драг Зоран, ти благодарам многу и ти посакувам многу успех, наведува Санчез во пораката.

Треба да знаете
Последни објави