Search

Заев: Корумпираните судии ќе мора да заминат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од предизборната трибина во Куманово порача дека сите корумпирани судии и оние кои застаруваат предмети ќе мора да заминат од судството затоа што на државата и е потребна правда, ред и дисциплина.

„Најважниот столб од нашата програма е правда, ред и дисциплина. Донесовме закони во овие две и пол години, согласно сите стандарди, го донесовме Законот за јавно обвинителство. Ќе има прочистување на судиите и обвинителите. Ќе мора да заминат корумпираните, оние што застаруваат предмети, ќе им ги провериме имотите на сите и нивните семејства, ќе направиме ревизија на пет отсто од предметите по случаен избор. Како е можно тоа поротникот одел во пензија и судскиот процес почнува одново, како така? Па кога ќе започне одново, делото застарило. Не може веќе така.“- порача Заев од трибината на која беа преставени носителите на коалицијата „Можеме“ за втората изборна единица, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Треба да знаете
Последни објави