Search

Заев и Ципрас ќе бидат наградени на Минхенската конференција за безбедност

Претседателот на Владата Зоран Заев, ја предводи делегацијата на нашата држава на годинешната Минхенска конференција за безбедност која започнува денеска и ќе трае до недела.

На конференцијата посебно внимание е издвоено за заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција, на која како главни панелисти се предвидени премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Оваа панел дискусија на Минхенската конференција за безбедност традиционално им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд Фон Клајст“, која оваа година свечено ќе им биде врачена на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.

На конференцијата за безбедност учествуваат многубројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународните организации за безбедносни прашања, а Заев ќе има билатерална средба со премиерката на Кралството Норвешка, Ерна Солберг, која ќе ја придружува министерката за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде. Тој ќе се сретне и со Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.

Претседателот на Владата ќе се сретна и со сенаторот Џејмс Риш, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД, како и со поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Треба да знаете
Последни објави