Search

Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, тој позадински местел судски случаи и договарал нивно паѓање

Она што Зоран Заев и СДСМ  велат дека се “реформи” во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт.

Се почна од признанијата на Заев дека “Катица се знае”, “со Јово сум договорен”, “судот одлучи трас трас”, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека “позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“.

Она што Заев и СДСМ велат дека се “реформи”, секаде во Светот е криминал и попречување на правда.

Зоран Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, но доаѓа времето кога и ќе одговараат за содржината која се открива од нив. Јасно е дека Заев е готов!

 

Треба да знаете
Последни објави