Search

Заев и Рама во Србија ќе се сретнат со Вучиќ

Премиерот Зоран Заев в среда и четврток ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на владата на Република Албанија, Еди Рама, кој ќе се одржи во Србија.

Владината прес-служба информира дека средбата ќе биде во Нови Сад, а в четврток предвидена е заедничка изјава на тројцата лидери.

Од Владата не соопштија повеќе детали за сoстанокот, меѓутоа српскиот претседател Александар Вучиќ претходно најави дека со Рама и Заев ќе се сретне за да разговаат за отстранување на бариерите за слободен проток на стока и услуги помеѓу трите држави.

Вучиќ во изјавата оцени дека станува збор за епохална идеја која добила поддршка од македонскиот и албанскиот премиер.

„Сфативме дека поединечно сме мали и слаби и ако се обединиме по прашањето на економските слободи, нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме да се поврземе економски подлабоко, со што драстично би го зголемиле нивото на инвестиции. Таквото опкружување во кое би имале целосна слобода на движење би нѐ подиганло сите нас, а на оваа тема наидов на целосна отвореност од страна на Рама и Заев“, наведе српскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави