Search

Заев и Пендаровски не чувствуваат одговорност за ветото од Бугаријa

Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски по днешната седница на Советот за безбедност на новинарски прашања одговорија дека не чуствуваат одговорност за ветото на Бугарија.

Тие се едногласни дека направиле се што можат за да почнеме преговори со ЕУ и оти барањата на источниот сосед не биле дел од Договорот за добрососедство.

-Не чувтвувам одоговорност затоа што целиот свет знае да не пофали, знае да не награди  и да го покаже тоа колку сме луѓе со поглед кон иднината и еврпејци и тоа правиме во европски манири.  Секако дека можеме повеќе во поглед на коронакризата, но пораката е да им се верува на институциите кои прават се и работат максимално за да слушат и помогнат на својот народ, рече Заев.

Во сличен стил размислува и шефот на државата.

-Не чуствувам одговорност за ветото затоа што не сме потпишале ниту договориле ни писмено ни усмено ништо надвор од Договорот за добрососедство. Да сме потишале тогаш би можеле да барате одговорност. Не да барате, сами ќе си заминеме, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави