Search

Заев и осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ начелно се договориле за уставните амандмани

Заев и осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ начелно се договориле за уставните амандмани

Владата и осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ начелно се договориле за уставните амандмани. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеница на ВМРО-ДПМНЕ, која пред малку заврши во Собранието.

По ова Владата амандманите ќе ги преточи во текст кој повторно ќе оди на проверка кај пратениците, за конечно утре Владата уставните амандмани да ги достави до Собранието.

Заев не можеше да прецизира колку уставни амандмани Владата ќе достави. Тој вели дека е важно тие да бидат во духот на Договорот од Преспа. Тој спомена дека може да бидат четири, пет или шест амандмани.

За барањето на ДУИ во амандманите да биде содржан и Рамковниот договор, премиерот не прецизира дали и тој ќе е дел од уставните амандмани, со образложение дека и ноќеска Владата ќе работи на текстот на амандманите.

Треба да знаете
Последни објави