Search

Заев: Исцелителот Мицкоски е полош од Груевски

„Мицкоски е полош од Груевски. Од 800 000 работни места во државата тој избра асистент на татко му да биде. Ама го нема веќе тато, ќе има само пораз на изборите. Целата камапања им е негативна, од уста не ме извадија, само Зоран Заев го зборуваат насекаде. 12 години го уништија народот и државата, паметите добро како се владееше, субвенции се делеа во партија, ако ти се намерчат на фирмите ти отиде бизнисот, ако вие нешто погрешите готово е со вас… Сега Мицкоски е како исцелител, ќе ја исправел државата, откако со режимот го паднаа народот на колена. Сега ВМРО ДПМНЕ со книшки ќе ги чувале младите дома, кои млади? Оние илјадници што ги избркаа. Граѓаните сакаат здрава животна средина, сакаат просперитет, сакаат работа, а не ВМРО книшки. На крајот го гледаме и како мајстор во спот, ама ние го знаеме како мајстор за хидроцентрали. Ама сега Мицкоски ќе ни ја градел куќата, ама да му кажам дека куќата ни е изградена, со темели, со бетони, со ѕидови, но и со безбеден кров кој ни го чува НАТО.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Кавадарци од која ги повика граѓаните да ја изберат европската и победничката опција со реден број 3.

Треба да знаете
Последни објави