Search

Заев: Институциите успешно се справуваат со кризата, сите сме благодарни за тоа

Институциите досега успешно се справуваат со кризата, ние сме добар пример во менаџирањето на кризата и според Светската здравствена организација, и сите сме благодарни за тоа, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија.
Ние сме една од првите земји што ги воведовме мерките за заштита, за жал граѓаните не ги почитуваа целосно и моравме да посегнеме по нови мерки, посторги мерки, истакна Заев.
Јас прв дадов предлог за воведување вонредна состојба, опозицијата прво бараше кризна состојба, а потоа се корегираше, по состанокот кај претседателот Пендаровски, каде се согласивме дека нема услови за избори, рече Заев.
Тој додаде дека мерките се соодветни, донесени од стручни лица од  комисијата за заразни болести, штабот во Владата, тимот на Министерството за здравство и треба да ги почитуваме.
Водиме грижа, не сме оставиле лекари, здравствени работници, припадници на полицијата и на војската незаштитени без заштитни средства, каде имало проблеми веднаш сме се корегирале, нагласи Заев, во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија.

 

Треба да знаете
Последни објави