Search

Заев: Имаме капацитет и ресурси да ја пребродиме оваа криза

Република Северна Македонија има капацитет и ресурси да ја надмине здравствената, но и економската криза што ја наметна коронавирусот, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешното гостување на емисијата „Само интервју” на ТВ Канал 5

„Можеме да издржиме и ќе издржиме. Не е исто да сте Словенија, Германија, но имаме наши ресурси и капацитет кои ги управуваме и ќе издржиме”, порача Заев.

Тој нагласи дека е важно граѓаните да ги почитуваат препораките и институциите, и добро е што, како што рече тој, граѓаните во поголем дел ги почитуваат овие препораки.

„ Апелирам да ги почитуваме институциите и препораките, со тоа го штитиме нашето здравје и здравјето на сите околу нас. Колку повеќе бидеме солидарни и водиме грижа едни за други, ги почитуваме институциите, препораките што стигнуваат од експертите толку  полесно ќе пребродиме”, додаде Заев.

Треба да знаете
Последни објави