Search

Заев: Излезете и изберете ја опцијата која знае и може, Изберете одговорна власт, водена од СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ

Ви се обраќам од тука, од кровот на ГТЦ, архитектонско чудо во срцето на Скопје кое пред пет години го заштитивте вие, борците за демократија, граѓаните кои рековте НЕ на режимското лудило. Оддавам почит на граѓанскиот активизам и на учеството во враќањето на слободата.

Зад мене е македонскиот Парламент, домот на граѓаните.

Тука, во април 2017 се случи радикално насилство врз народните претставници, врз демократијата и врз поредокот – падна крв!
А за само три години подоцна, на истото место го кренавме знамето на НАТО и го потврдивме нашето членство во Алијансата.

Ете што значи демократско мнозинство. Со сите премрежја, сите тешки и големи одлуки, мнозинството во ова Собрание ја внесе земјата во НАТО и го донесе најважниот закон за правната држава, Законот за јавното обвинителство.

Ново стабилно демократско мнозинство во парламентот ни треба час поскоро.
Затоа *15 јули е ден за голема граѓанска одлука*. Ден за граѓанско учество. Со нашиот глас ги реактивираме институциите. Го враќаме парламентот да носи одлуки и веднаш после тоа бираме Влада, со полн политички капацитети и легитимитет.

На 15 јули секој од нас носи одлука дали ќе имаме силни институции со кои есента ќе ја дочекаме подготвени за сите предизвици кои ги носи вирусот, за новата учебна година и новата грејна сезона.

На 15 јули бираме одговорна власт која решава проблеми.

Излезете на 15 јули, одвојте неколку минути за големата граѓанска одлука за враќање на функционалноста на институциите. Излезете и изберете ја опцијата која ЗНАЕ УМЕЕ И МОЖЕ. Изберете одговорна власт водена од СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/280389499704468/?__xts__%5B0%5D=68.ARDgns5qTtwEV9kdynUU0yapJ-kxSlko0_oMEu2t1nhJ0AOLVD3aPncRrlJu-JUSRBlsDK9gH4WhZSwpcyrcTX-PZq1OC9RNWciRDySzAtAwBdUmazZCRQblCBikQ6OnkgyyOt33DtmjYCxT2vcQNB1mh8c7HjEpsC_hmzyGp7euxTE-M6TxgElVJYa6pin8pZ2_ce1zkxB7q5KsCQt5HXLDHCdh0ZkGNkYLONm3xQbdH_G7gCY7uro3iVSgaf1uQfLSW0LPbP1WvB_MR17sBNfbdgcFA7PDARhCa3nYMJcq1xdr_eU-xVelvfvbVr05ow3jBGxdXzwRM3N7jzga7mKt33NYDQ&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави