Search

Заев: Избори на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада. Проблемите кои ги прави Наќе Чулев мора да ги оставиме зад нас. Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, не постои никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ вели дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири, Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така да и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври и 5 јануари, не можеме владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парлемент и парламентарна демократија“, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави