Search

Заев: Изборите можат да бидат на 8 јули, гласањето до 21 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека изборитеќе се одржат на почетокот на наредниот месец, но датумот е неодреден.

Сепак, според Заев, за тоа би требало да има измени во изборниот законик, за што е потребно широк консензус и оти за тоа би требало да се продолжи вонредната состојба за уште неколку денови.

-Постои решение за сите работи. Изборите ќе бидат безбедни, граѓаните да излезат да гласаат, за да ги вратиме институциите. Секој од нас ќе помине по 2-3 минути на гласачкото место. Како што одиме секој ден зашитени со маски во маркет, на пазар и се дезинфицираме во секој јавен објект – тогаш истото ќе го направиме на гласачкото место. Важно е за државата да има функционални институции, кои се неопходни за справување со вториот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата. Постои можност среда, 8-ми јули да бидат изборите, затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот. Тогаш би ги платиле дупло членовите на избирачки одбори. Ако биде така, тогаш од недела по полноќ би почнал изборниот молк. За вакви работи се решава со консензус. Доколку не, тогаш останува недела да биде изборниот ден, истакна Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави