Search

Заев: Знаковниот јазик има еднаков статус со сите говорни јазици

Во духот на определбата на Обединетите нации за поддршка и негување на лингвистичките идентитети, денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик што го користат 72 милиони луѓе ширум светот, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Одбележувањето на овој ден е силна афирмација дека согласно Конвенцијата за правата на луѓето со попреченост, знаковниот јазик има еднаков статус со сите говорни јазици и дека обврска на секоја држава е да ги промовира можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви. Владата на Република Северна Македонија ја прифати оваа вредност и во соработка со националниот Сојузот на глуви и наглуви лица, ги применува сите можности за создавање пријателски средини и за еднаков пристап на овие наши сограѓани во општествените процеси во Северна Македонија, вели Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/3656462314386834/?__xts__%5B0%5D=68.ARB92lHWoxKe0bsbY9y7IsqhgXiAPkFr2RR3t57ecbLgoqIs15YWX2_kjFJzFJEgQHVtocm_P6-0-E9D5hoLc3R0YO1ebPkZSB10eX2WqrxkdFPhcYx0a4caUK-IgJ_TXyZbt9QbLKjcewO8fBODdOPqyW2lmcvO4Tnqz_QX2aixdctU7qRbGRYk9oR1I6aqH9LIsZan7FgzXk7Y-LTfufzKaPEUWCKiCwhRv0X1AZxqVbdhrop263YqxbZWEktdheKFgGJj1rbD8F0teYxZ4eKP1hIzB1cNgcCu8xI__5jEHjpMRO_hJJHt7Nji8-14zKGzcMymmbo62RkSXWdCR90IcFV5Qg&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави