Search

Заев: Здравјето на граѓаните нема цена и затоа мора што поскоро да го дислоцираме отпадот од линдан

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска потпиша Меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации – UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора.

-Денеска заедно со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации – UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора започнуваме соработка којашто ќе придонесе за успешна реализација на проектот за расчистување на индустрискиот токсичен отпад или линдан, во поранешната фабрика Охис во согласност со Европските стандарди.

Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина.

Република Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004-тата година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009-та година, e обврзана да го реши овој проблем,

И затоа час поскоро мора да го дислоцираме отпадот без последици врз околината и врз граѓаните.

Здравата и чиста животна околина се едни од основните предуслови за квалитетен живот на сите. И затоа цврсто сме определени за нашите сограѓани да создадеме средина во којашто ќе живеат без да се грижат каков воздух дишат или што се крие под земјата којашто ја газат. Мора да сториме СЕ за да го заштитиме единственото нешто што нема цена, а тоа е здравјето на граѓаните“.

Треба да знаете
Последни објави