Search

Заев за најавеното повлекување на Анѓушев: Ќе го разберам, човекот е сопственик на сериозни компании!

Вицепремиерот за европски прашања, Кочо Анѓушев најави повлекување од политиката по изборите во април наредната година. Премиерот Зоран Заев, по прес-конференцијата за Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година, прашан за став за ваквата одлука на Анѓушев, истакна дека ќе разбере ако Анѓушев сака да се посвети на своите компании.

– Ангажирањето на Кочо Анѓушев е за овој мандат на владата. Тој е повикан да биде претседател на коморите, а како што знаеме тој е сопственик на комапнии и во разговорот со него дознав дека неговите компании бележат пад. Анѓушев е сопсвеник на сериозни фирми и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на своите компании, рече Заев.

Според него, Анѓушев е одговорен политичар, рече Заев, и е потребен на неговите компании, па и на владата.

-Ќе разговараме со него и ќе видиме што ќе се договориме,  рече премиерот Заев.

Треба да знаете
Последни објави