Search

Заев за Малиќи: Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици

Преемиерот Зоран Заев преку Фејсбук му одаде  почит на починатиот бизнисмен Енвер Малиќи.
-Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“.
Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја. На семејството на Енвер и на неговите најблиски и пријатели, со надеж дека овие зборови ќе им бидат утеха, им упатувам искрено сочувство во мое име и во име на Владата на Република Северна Македонија. Нека почива во мир!, напиша Заев.
Треба да знаете
Последни објави