Search

Заев за Алсат: Ние донесовме храбри и историски одлуки, сега се на ред граѓаните, да излезат да гласаат за СДСМ и Коалицијата „Можеме”

За да можат сите граѓани да бидат заштитени, за да сме сигурни дека  нема да бидат поништени историските закони и договори со соседите, единствената опција е граѓаните да гласаат за Коалицијата „Можеме,” рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју на Алсат-М телевизија.
„На другата страна имате луѓе како Гордана Силјановска кои отворено зборуваат против законот за јазиците, преспанскиот договор и договорот со Бугарија.  Тие дури зборуваат и за поништување на рамковниот договор и ново уредување на државата. Тоа се нови горчини. Нови конфликти. Нови проблеми. Со тоа нема да можеме да ја донесеме Европа дома.” посочи тој.
Заев посочи дека на изборите важен е секој глас, дека секој глас може да донесе промена.
„Гласајќи за другите партии од албанскиот блок кои би влегле во коалиција со Мицкоски, тоа впрочем значи минирање на нашите евро-атлантски интеграции, и на договорите кои ни го овозможија тоа. Не верувам дека Мицкоски ќе добие таква шанса, да ги поништи сите успеси. Но моето политичко искуство кажувам, и стотина гласа имаат моќ да  ја одлучат иднината на државата Ние донесовме одлуки без да мислиме да мислиме на личниот или партиски рејтинг. Донесовме храбри и историски одлуки. Сега е време граѓаните да го направат истото,” заклучи Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави