Search

Заев: Законот за спречување и заштита од дискриминација гарантира еднаквост за сите

Државата оди напред! Едно општество за сите, и во добро, и во криза, секогаш, а од сега и уредено со нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој гарантира еднаквост за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-провил по повод донесувањето на Законот.
Социјалдемократите, прогресивните сили во државата и граѓанското општество, додава Заев, се изборија за долгоочекуваниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
-Припадниците на маргинализираните заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИК заедницата се еднакви пред законот како и сите останати граѓани. Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека ќе може да ги обезбеди своите права, загарантирани со уставот. Честитки за сите активни граѓани кои доследно се изборија за овој успех, пишува премиерот на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави