Search

Заев е негативен на Ковид-19

Зоран Заев на Фејсбук напиша дека го добил резултатот од тестот за ковид-19, кој тој го направи откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е позитивен на коронавирусот, и дека тој е негативен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен.

Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19.“, напиша Заев.

Треба да знаете
Последни објави