Search

Заев е најсрамното нешто што ѝ се случило на државата, наместо извинување тој продолжува со Заевизам

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев

„Зоран Заев е најсрамното нешто што и се случило на државата, наместо извинување тој продолжува со Заевизам. Како што Заев вели дека “никој не ги прашал Бугарите за фашизмот”, никој не ги прашал ниту Македонците за неговите срамни изјави во однос на историските факти кои тој на бугарски медиум ги изобличи.

Го повикувам Зоран Заев да објасни како тоа ги придвижува работите во односите со Бугарија кога не штити ниту еден единствен државен и национален интерес, кога распродава се што е свето за нацијата.

Заевизмот е појава на безкичменост, пластелин кој се прилагодува и ја уништува сржта на македонскиот народ. Заев е должен да каже дали доби поддршка од некој фактор во државава или пак воопшто внатре во СДСМ за овие негови ставови?

Ќе се извини ли за тоа што гази врз коските на илинденците и партизаните?

Треба да знаете
Последни објави