Search

Заев: Долж автопатот Миладиновци-Штип ќе се засадат 600 илјади садници багрем

Заев: Долж автопатот Миладиновци-Штип ќе се засадат 600 илјади садници багрем

Премиерот Зоран Заев пред министрите Оливер Спасовски, Горан Сугарески, Трајан Димковски, пратеници од Собранието и амбасадорката на НР Кина го отвори свечено автопатот Штип – Миладиновци, кој веќем еден месец е во употреба но без претходна церемонија поради набиената владина агенда.

„Граѓаните добија модерно автопатско поврзување и побрзо стигнување до посакуваните дестинации во источниот де од Македонија. Се скратува времето на возење до 25 минути помеѓу многу градови од овој регион.

Ако претходно патувале еден час, сега патуваат за помалку од 30 минути по максимално безбеден пат. Оваа нова врска е исклучително важна за рамномерниот регионален економски раст што е важен предуслов за инвеститорите и мултиплицирање на нивниот капитал.

Започнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и завршувањето на автопатот Кичево – Охрид ќе биде голем поттик за инвеститорите. Покрај инфраструктурата, стабилност ќе понуди и владеењето на правото, и така ќе се вработат многу луѓе во државата. Поврзувањето со соседите ќе биде наш висок приоритет. Огромна благодарност и до Народна Република Кина, која го одобри кредитот за доградба на автопатот Кичево – Охрид.

Преку нашата заедничка соработка покажуваме дека имаме подготвеност за надминување на затегнатите состојби. Овој автопат останува во трајна сопственост на граѓаните на Северна Македонија и на компаниите. Ги тргнавме сите пропусти и благодарност до „Синохидро“, „Бетон“ и „Гранит“, кои работеа неуморно.

Сега започнува пошумувањето на 600.000 садници со багрем и инвестирање во животната средина на косините на овој автопат.

Заедно ја градиме Северна Македонија и ја правиме убаво место за живеење. Земјата продолжува да се гради и да се поврзува“, рече Заев во својот говор.

Треба да знаете
Последни објави