Search

Заев: Денешната статистика за Ковид-19 нѐ загрижува сите, Владата одлучи маските на отворено да бидат задолжителни!

Денешната статистика за КОВИД-19 нѐ загрижува и нѐ допира сите. Тие бројки се личности, наши сограѓани, пријатели и роднини. Неминовна е потребата од поголема заштита од коронавирусот и спречување на негово ширење. Затоа ми е драго што вечерва Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа новите мерки предложени од Владата, со кои маската на отворено станува задолжителна!
Иако пратениците од опозицијата го кочеа носењето на овој значаен закон и гласаа воздржано, со мнозинство гласови и одговорноста на пратениците од мнозинството вечерва Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Сите имаме удел во оваа заедничка борба. Да се бориме и да се заштитиме себеси и нашите најмили со тоа што ќе ги почитуваме мерките. #ЗаштитиСе
Прочитајте кои се измените на Законот: vlada.mk/node/22976
Треба да знаете
Последни објави