Search

Заев денеска пак со Ахмети: И ДУИ треба да бидат флексибилна оти најмногу мандати освои „Можеме“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по примањето на мандатот за составување влада рече дека денеска ќе има средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети за да ги продолжат разговорите. Соопшти дека имаат успех во многу аспекти, но и прашања кои сè уште не им се затворени, а кои се, како што рече, поприлично сериозни прашања. За деталите, рече, не би разговарал зашто преговарачкиот процес  така ќе стане медиумски и нема да биде од помош.

-Се обидуваме да ги дадеме сите можни информации сè до онаму до каде нема да нарушиме какви било перспективи на успешен преговарачки процес. Но, веднаш кога ќе направиме успех и исчекор, тоа ќе го соопштиме. Секако, се надевам на успех заради тоа што граѓаните нè определија, ни дадоа насоки кој со кој да преговара и редот треба да се испочитува. Во демократијата- граѓаните кажуваат кој со кој треба да седне прво да ги направи сите можни напори. Но, како што реков, опциите постојат. Заедничкото решение кои ќе го најдеме ќе биде заради еднаквоста на државата. Верувам дека денес, утре, задутре ќе направиме исчекор ако се водиме од тоа што нас граѓаните ни кажале. И ДУИ треба да бидат флексибилна оти најмногу мандати на изборите освои коалицијата ‘Можеме‘. Јас верувам дека постојат опции, но црвените линии мораат да бидат интересите на граѓанитеНа крајот на денот, нашата земја Република Северна Македонија треба да има влада час поскоро, за да може да се зафати со предизвиците од пандемијата, но и со сите домашни предизвици, па и меѓународни, мислам на преговарачкиот процес со ЕУ, Берлинскиот процес којшто следува итн., изјав Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Рече дека според уставната одредба по доделувањето на мандатот во рок од 20 дена треба да се направи обид за формирање влада и токму овие 20 дена, како што рече,  „се нашиот мегдан да успееме да формираме влада, а со тоа да обезбедиме и парламентарно мнозинство најмалку од 61 пратеник”.

-Секако, за стабилна влада тоа значи секоја бројка повеќе којашто ќе поддржи програма, кадри, кандидати би била сериозна, голема гаранција за стабилноста на Владата. Нашата амбиција е четири години, затоа што очекуваме дека после НАТО-членството, почеток на преговорите со ЕУ, важно е за делегацијата и сите професионалци од ЕУ со коишто ќе преговараме  да знаат дека имаат предвидливост со четири години, но пред се и над се е важно за домашната економија, за деловниот сектор и за граѓаните. Тоа ќе не стави во состојба како држава да имаме само едни избори, тоа се 2021 година  локалните, 2022 и 2023 немаме избори, во 2024  се претседателските и парламентарните избори. Реално, имаме одличен мегдан за работа, истакна Заев. 

Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев истакна дека тоа прашање е регулирано со уставот, посочувајќи на ситуацијата со составувањето влада во 2016 година.

– Имавме ситуација во 2016, мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада, истакна Заев.
Треба да знаете
Последни објави