Search

Заев: Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина.

Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки.

Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме.

Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз.

Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава.

 

Треба да знаете
Последни објави