Search

Заев да ја напушти деструктивната матрица која не доведе до 40.000 нови невработени

Соопштение до јавноста, реакција на говорот на Зоран Заев на 25 Конгрес на СДСМ

„Зоран Заев повторно не кажува ништо ново и останува на истата деструктивна политика за Македонија, која резултираше со половина милион граѓани кои живеат со помалку од 130 денари на ден, нови 40.000 невработени, 1 милијарда нов долг за само 3 месеци, милионски рекет врз бизнисмени и нарушена безбедност по улиците.

Зоран Заев три години нема концепт, ниту идеја за развој на Македонија. Со Заев државата оди назад. Паднати сме на рангирањето на Дуинг Бизнис, а Економист не прогласи за земја каде владее хибриден режим.

Нема извештај на меѓународна организација во кој не се пишува за криминалот, корупцијата и политизираноста на целиот систем.

Македонија не мрда од мртва точка со Заев.

Во последните  неколку години немаме разрешница на ниту еден криминален случај. Нема разврска за Рекет, Рекет 2, Леонардо, Сар Хемс, Крвавите тендери, Шик Јелак, и многу други, каде постои сомнение дека лично е вмешан врвот на власта.

Земјоделците не можат да го продадат произведеното, образованието е девастирано, здравството е пред пропаст.

И Зоран Заев наместо да ги решава проблемите, тој предизвикува нови и ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик.

Зоран Заев треба да излезе од деструктивната матрица и покаже минимум демократски капацитет, граѓаните и државата тоа го очекуваат.

Треба да знаете
Последни објави