Search

Заев: Груевски ќе биде вратен, помирување само за оние кои не учествувале во насилста

Заев: Груевски ќе биде вратен, помирување само за оние кои не учествувале во насилста

Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија, истакна премиерот Зоран Зав во интервју за Алсат-М, посочувајќи на примерот со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, кој откако беше осуден во 2010 година заради корупција избега од Хрватска, но една година подоцна беше фатен и испорачан на хрватските власти.

– Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност пак кој сака нека е во државата, почнувајќи од мене, па кој било друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се поставуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски со Пржинскиот договор, па испадна дека не се договорил. Сѐ што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, рече Заев.

Во контекст, пак, на настаните во Собранието од 27 април лани и прдлозите на власта за помирување, а на опозицијата за целосна амнестија, Заев истакна дека може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилствата.

– Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, изјави Заев.

Треба да знаете
Последни објави