Search

Заев: Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вечерва објави дека „граѓаните испратиле порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа“.

-Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација, објави Заев.

Тој најави дека влегуваат во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја.

-Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО, потенцира Заев.

Од избраните во првиот круг, најмногу градоначалници има ВМРО-ДПМНЕ – 21 градоначалник, додека СДСМ има девет, ДУИ три и еден има ДПТМ.

Треба да знаете
Последни објави