Search

Заев го тужи Николовски за клевета, но не дојде на судењето

Премиерот Зоран Заев не се појави на рочиштето од тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Заев е навреден од изјавата на Николоски дека Заев е на врвот на пирамидата која изрекетирала 20 милиони евра. Како отштета премиерот бара 60.000 денари. Николоски, пак, смета дека тоа што го  изјавил е вистинито и ои тоа го потврдува времето.

Николоски на рочиштето побара во доказите да влезе и изјавата на Бојан Јовановски: „Парите од рекетот барајте ги кај Вице и Зоран Заев”. Исто така Николоски побара да се земе во целост неговата изјава за која Заев покрена тужба, а не селективно, додавајќи дека до судот е доставен само оној дел кој веројатно му одговара на тужителот.

Николоски побара и Заев како тужител да биде испрашан од страна на судот.

– Сведоци сме на еден апсурд. Најмоќниот човек во земјава ме тужи за клевета. Ова го нема никаде во ЕУ. Јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Прво ме тужеше Вице, сега ме тужи Зоран Заев. Забележително е тоа што, како што на рочиштето не се појави тогаш Вице Заев, така денес не се појави и негивиот брат Зоран Заев, туку тој ангажирал адвокат од најскапата адвокатска канцеларија. Верувам во чесноста на судот и судството и мислам дека овој случај треба да биде старт на реформите во судството, изјави Николовски по рочиштето.

Рочиштето е одложено за 20 ноември.

Треба да знаете
Последни објави