Search

Заев: Ги осудувам ако имало провокации на свадбата на Богдановиќ

Осудувам провокации од каков било тип, ако ги имало. Вака премиерот Зоран Заев одговори денеска на прашање за свадбата на градоначалникот на општина Центар номиниран од СДСМ која се случи викендов во Косово, а на која според српските медиуми имало изјави дека во Македонија Србите намаат право на венчавање во канонски храмови, во храмови на кралот Милутин. Заев вели дека тој не препознал во изјавите на градоначалникот Саша Богдановиќ непочит за Македонија.

-Внимателно ги читав изјавите на Богдановиќ и тој се надоврзува на историската определба и сакал тоа да го сподели и да го почне така бракот со својата избраничка. Не разбрав дека чувствувал дека му е забрането во Македонија да го прави тоа. Како и секогаш така и за овој случај, би рекол, ако има порака на иредентизам јас осудувам. Ние сме авангарда на „Едно општество за сите“ и верувам во тој концепт, рече Заев.

Додаде, сепак, дека осудува ако имало изјави на свадбата дека во Македонија не може Србите да се венчават во нивни храмови.

Треба да знаете
Последни објави