Search

Заев: Ги остваривме нашите стратешки цели – ЕУ и НАТО, Европа и европските вредности ги носиме дома, во нашата држава

„Јас сум многу среќен и треба и граѓаните да бидат среќни од тоа што ги почнуваме преговорите со Европската унија. Не беше лесно 15 години како  кандидати чекаме датум за преговори, конечно се оствари таа наша желба. Во иста недела  двете наши стратешки цели ги остваривме, дури и правно формално.  На народот и во тешки моменти  му се случи радост. Овие две стратешки цели значат стабилност, траен  мир, инвестиции, виски плати, нови работни места,економски  стандарди, европски вредности, кои за нас значат подобар живот за сите”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во денешното гостување Дневникот на Националниот телевизиски сервис

Тој нагласи дека сега како држава имаме можност Европа да ја донесеме дома, тука во Скопје, во Република Северна Македонија.

„Државата подолго време се  подготвува, ќе ги искористиме сите капацитети за да создадеме добри преговарачки тимов,  за да можеме да совладуваме повеќе поглавја, во пократок временски период”, додаде Заев.

Тој е убеден дека, доколку граѓаните одлучат да дадат поддршка на СДСМ,  за четири години ќе бидат отворени 80 посто од поглавјата, а голем дел од тоа дека ќе биде и затворено.

 

Треба да знаете
Последни објави