Search

Заев: Во Словенија и Бугарија не помина економското цунами на ВМРО-ДПМНЕ, помошта ја обезбедуваме соодветно на висината на БДП

Осврнувајќи се висината на економската поддршка што Владата ја обезбедува за работниците и за стопанството, особено споредбено со земјите од регионот, претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека споредбено Северна Македонија обезбеди соодветна помош соодветно на висината на БДП на земјата, но и на економската состојба на земјата со која ја остави ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Словенија и во Бугарија немаше претходно економско цунами коешто помина  и ја донесе државата на раст на БДП на минус 1,8 проценти, за ние за две и пол години да стигнеме на раст за 3,6 посто. Ние сакаме да дадеме повеќе, ако можеме и се да покриеме, но не можеме. Но, правиме се што можеме.  Ако работниците ги сочуваат своите работни места и ако и фирмите опстојат, ќе го биде и буџетот”, изјави Заев за телевизијата Канал 5.

„Буџетот е полн и максимална реализација имаме за целиот период.  Во моментот направивме максимум, по глава на жител сме одлично распоредени и по бруто домашен производ исто така”, нагласи Заев.

Треба да знаете
Последни објави